Денес починат е пациент на 64 години од Велес лекуван на инфективното одделение на велешната болница. Ова е 119 жртва како резултат на компликации настанати од корона инфекција во Велес. Бројот на заразени забрзано расте во последните денови и денес има 411 активни случаи со корона инфекција. Загрижуваат и бројките на прегледи направени од екипите на Здравствениот дом кои споредбено со февруари кога имало 839 прегледи за цел месец додека само во првите две недели од месец март бројот на прегледи е 574 што значи дека бројот на прегледи е значително зголемен. Bо Општата болница Велес вкупно се хоспитализирани се 58 лица, од кои 50 се позитивни на Ковид-19, 2 се суспектни на корона инфекција и се чека резултат од брисот и шест  пациенти кои се негативни но задржани на болничко лекување. Исто како и вчера и денес расте бројот на пациенти кои се на кислородна подршка па така денес има 28 лица на кислородна подршка.