Нов вид на коронавирусот со зголемена отпорност на антитела е идентификуван во дом за стари лица во Кентаки, каде што е заразени 45 лица, пренесуваат светските медиуми. Според научниците, станува збор за нов вид со потекло од Јапонија познат како „Р.1“ и кој содржи опасни мутации кои го подобруваат неговиот пренос, размножување и имунолошка супресија.„Новиот сој ’Р.1‘ треба да се следи како се развива. Утврден е во Јапонија и во САД“, напиша Вилијам Хаселтин, експерт за заразни болести.