Шест лица од Дебар и еден странец во моментов се тестираат за коронавирус, објави на фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.

– Во моментов на коронавирус се тестираат 6 лица од Дебар. Од нив, четворица кои имале контакт со заболените од Дебар. Еден доктор епидемиолог и еден лабораториски техничар исто така од Дебар, кои се без симптоми на корона вирус, но за кои е важно да направиме проверка на нивната здравствена состојба, наваедува министерот Филипче.

На коронавирус се тестира и странец преку Центарот за јавно здравје во Битола. Резултатите ќе бидат готови за неколку часа, по што јавноста ќе биде информирана.