Треба граѓаните да се свесни, дека ако не се вакцинираат, може да завршат во болница и да бидат со тешки компликации, рече денеска министерот за здравство, Венко Филипче,

„Ја следиме внимателно состојбата и ќе преземаме мерки доколку тоа е неопходно. Детектирани се уште пет нови случаи на индискиот сој. Три се од Скопје, еден од Куманово и Тетово. Ако се соочиме со нов бран, ќе има рестрикции од септември. Не можеме да страдаме, ако некој не се вакцинира. Висок процент од заразените се невакцинирани, а се уште сме далеку од колективен имунитет од 80 проценти “, истакна денеска Филипче.