Потврдени се 3 нови случаи на коронавирус во Велес. Два од денешните случаи веќе се наоѓаат на болничко лекување на инфективното одделение од веќе познати кластери, а третиот е асимптоматски случај кој е поврзан со фамилијарната прослава од која веќе има три предходно потврдени случаи.