Брзото ширење на мутацијата на коранавирусот, која првпат беше откриена во Бразил, е главната причина за загриженост низ светот, јавува Би Би Си. Бразилскиот институт за јавно здравје „Фиокруз“ соопшти дека се откриени 92 мутации на коронавирусот во земјата, од кои најопасна е П.1, што предизвика загриженост, бидејќи се смета дека е многу позаразна од првичниот вид на вирусот. Бразил има најголем број на починати од Ковид-19 во Латинска Америка, а последните недели еден од четири пријавени смртни случаи на коронавирусот во светот е во Бразил.