Додека бројките на нови случаи секојднево растат во Велес за жал расте и бројот на починатите како последица на компликации настанати од корона инфекцијата. 52 годишна жена од с.Раштани е 144-та жртва на Ковид-19 во Велес. Таа била на лекување само еден ден во Општата болница Велес на Интерното одделение по што починала. Фактот што половина од хоспитализираните се наоѓаат на кислородна подршка говори дека овој бран на Ковид-19 е доста по опасен од предходниот. Вчера починаа и велешанец на 56 годишна возраст и една велешанка на 69 годишна возраст.