Нема реагенси, нема тестови… Која е целта на Филипче да каже дека ситуацијата е под контрола штелувајќи ги бројките на новозаболени или можеби математиката од набавка на реагенсите не му излегува, нема провизии, велат од ВМРО-ПДМНЕ и го повикуваат Филипче да си поднесе оставка. Од партијата потсетуваат дека прогнозите на министерот за здравство во почетокот на кризата беа околу 2000 заболени лица, но само починати има повеќе од двојно од предвидувањата на Филипче. Во Македонија граѓаните не можат да закажат за брз тест поради тоа што сите термини се преполни и веќе закажани за месец април. Според податоците, брзи антигент тестови за Ковид 19 во речиси половина Македонија не можат да се направат, бидејќи нема термин за граѓаните да можат да се тестираат.