Имплементацијата на Законот за извршување продолжува во целост. Нема можност за продолжување на Уредбата, бидејќи повеќе не сме во вонредна состојба. Се продолжува да се извршува, освен наведените исклучоци во законот- велат од Министерството за правда. А иако имаа законска можност, ниту банките, ниту компаниите кои нудат комунални услуги за граѓаните, ЕВН, ЈКП Дервен не побарале од извршителите одложувања на извршувањата.

Извршителите пак велат дека ново одложување ќе ја загрози нивната егизтенција

„Се извршува се што беше запрено со Уредбата со законска сила од 1 април. Односно сите блокирани сметки кај комерцијалните банки на правни и физички лица, а активни се и забраните ставени на плата и пензија кај работодавачите и Фондот за ПИОМ. Продолжуваат продажбите на недвижности, продолжуваат пописите врз подвижни предмети и сите дејствија утврдени со Законот за извршување. Со самата не примена на Законот за извршување најголем број на доверители ќе паднат во тешка економска ситуација бидејќи не можат да ги наплатат своите побарувања, а во прашање ќе биде доведен и опстанокот на извршителските канцеларии“, велат од Комората на извршители.