На подрачјето на нашата јужна граница нема поголеми раздвижувања од мигранти, но сепак опасноста од мигранти во земјава е голема, иако притисокот е на границата помеѓу Турција и Грција, изјави денеска заменик-министерката за внатрешни работи Славјанка Петровска, одговарајќи на новинарско прашање дали има поголемо раздвижување на мигранти на јужната граница.

Редовно сме информирани од колегите од грчката полиција и од Фронтекс, и во координација со нив ќе го зголемиме бројот на полицајци доколку тоа е потребно“, рече Петровска при денешната посета на СВР Велес.

Таа додаде дека апсолутно проблемот со мигранти по нашата граница постои сѐ додека не биде решен од таму каде што потекнува.

„На нас е да ги преземеме сите мерки, за тоа да биде претходно превенирано“, рече Петровска.