Заврши снимањето на долгометражниот дебитантски игран филм „Празникот на хризантемите” (“Chrysanthemum day”) на младиот украински режисер Симон Мозгави во продукција на Mainstream Pictures LLC од Киев, Украина, а македонска ко-продукција е Опиум филм. Дел од сцените на филмот се снимаа во  Спомен костурница- Велес и Македониумот во Крушево. Филмот е научно фантастична-дистописка драма, во кој се прикажани односите меѓу млада докторка и нејзиниот пациент стара „жена-цвеќе”, познатa како исцелител која преживува нуклеарна експлозија, но целосно ја изгубила меморијата и идентитетот.