На денешен ден во Велес 1907 година е роден Петре Прличко, еден од втемелувачите на македонската театарска уметност, актер и режисер. Во негова чест востановена е награда за животно дело „Петре Прличко“ која се доделува на глумец од средната генерација и таа се состои од плакета со ликот на Петре Прличко и соодветна парична награда. Во една прилика Петре Прличко изјави дека сепак ако мора да избере една улога како најдрага тоа секако ќе биде „Манданата“ т.е. неговиот лик во филмот „Мис Стон“, за која ја доби и наградата „Златна арена“.