Макпетрол е најуспешен карате клуб во 2020 година, а стратегот на клубот Бошко Заборски е најуспешен тренер во сениорска конкуренција во изборот на Карате федерацијата на Македонија. Макпетрол и заборски се најуспешени и во младинска конкуренција. Најуспешен каратист во борби е Емил Павлов од ШК Штип, кој освои златен медал на Карате 1 Премиер лигата во Слазбург, Австрија. Вероника Костовска со 7-мото место на Премиер лигата во Салзбург е најдобрата сениорка, додека во кати тоа се Ферри Исиќ и Пуликсенија Јованоска. Наградите свечени беа доделени денеска во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. На доделувањето на наградите за најуспешни каратисти во Македонија, Карате клубот Гладијатор од Велес доби 7 признанија.

Андреа Алексовска второ место ката женски кадети.
Мартина Арсовска прво место ката женски кадети и второ место ката женски сениори.
Теа Гашева второ место ката женски јуниори.
Стефан Стојановски трето место ката машки јуниори.
Георги Бановски прво место ката машки помлади сениори.
Марко Бунтевски второ место ката машки сениори.
Реџеп Мустафовски второ место ката машки у-21.