Во текот на денот до овој момент во Велес се регистрирани 5 нови случаи на Ковид-19 со што вкупниот број на случаи од почетокот на епидемијата изнесува 294. Во Велес во моментов како активни случаи се водат 22, а досега починаа 15 граѓани на Велес. На одделението за инфективни болести во велешката болница хоспитализирани се 13 пациенти од кои 7 се од Велес, 2 од Св.Николе и по еден од Кавадарци, Неготино и Делчево. Кај сите пациенти во велешката болница е потврдено присуството на коронавирусот.  До овој момент сеуште не се пристигнати резултатите од земените брисеви од страна на екипите на Центарот за јавно здравје Велес.