Утре попладне во неколку градови низ земјава ќе продолжат протестите против зголемувањето на цената на електричната енергија. Досега се најавени протести во Скопје, Тетово, Куманово, Гостивар, Кичево и Дебар. Денеска Координативниот совет побара Регулаторната комисија за енергетика да ја повлече одлуката за зголемување на цената на струјата за 7,4% и таа да се намали за потрошувачите за 46%. Владата да го намали ДДВ-то за електрична енергија од 18% на 5%.