Исчистете ги добро старите конзерви потоа наполнете ги со вода и оставете ги во замрзнувач, една вечер, додека водата целосно не замрзне. Ова е потребно за да конзервите во следниот чекор на изработка не се искривуваат. Со чекан и клинец направете дупчиња на конзервата, со големина, број и дизајн по желба или со претходно направена шема на лист хартија. Каков и да биде вашиот избор, нема да изостане убавиот ефект. Кога ќе завршите со правењето на отвори, отстранете го мразот,  избришете ја конзервата, додате ја жицата за прикачување. Последниот чекор е украсувањето, кое можете да го постигнете со бојадисување со спреј или боја. Вашиот нов фенер е подготвен да блесне во градината.