Со решение на министерот за внатрешни работи од 19.05.2021 година за началник на СВР Велес е назначен Славчо Бојковски (54), дипломиран криминалист, информира денеска портпаролот Верољуб Додевски. Новиот началник на СВР Велес, Бојковски е вработен во МВР од 1991 година и досега работел на повеќе работни места. Завршил и повеќе обуки од областа на борбата против организираниот криминал и корупција. Пред да биде назначен за началник на СВР Велес беше ангажиран како истражител во Основно јавно обвинителство за организиран криминал и корупција. Тој го замени досегашниот началник Злате Јаневски.