Прилепската полиција поднесе кривична пријава против 43-годишниот Ф. С. од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело измама. Како што информираат од МВР, на 4 декември минатата година кај нотар во Прилеп осомничениот и В. К. (43) од Дебар склучиле купопродажен договор за автомобил „бмв“, сопственост на дебранецот. По излегувањето од нотарската канцеларија, скопјанецот влегол во возилото и заминал без да му даде пари на В. К.. Три дена подоцна, на 7 декември минатата година, Ф. С. автомобилот го продал на лице од Скопје со купопродажен договор склучен кај нотар во Велес.