Сега секој кој има можност преку https://solidarnost.gov.mk/ може лесно и едноставно да придонесе во борбата против КОВИД со своја донација, порача министерката за финансии Нина Ангеловска на својот ФБ профил.

-Приклучете се, придонесете, споделете, впишете се во листата на донатори…Бидејќи заедно сме во ова, а заедно сме посилни!, напиша министерката.

До сега, како што наведува, на донаторските сметки во Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë и во Солидарниот COVID фонд во Владата се донирани над 200 милиони денари.

– www.solidarnost.gov.mk е платформа за донации за помош во надминување на CoVid-19 кризата, која ја креиравме со поддршка од International Republican Institute (IRI) и USAID North Macedonia, стои во објавата.