Министерството за здравство информира дека во Националниот систем Мој Термин е воведена можноста за издавање на сертификат за прележан Ковид 19.  Сертификатот се издава за сите лица кои во последните 9 месеци биле позитивни на Sars-Cov-2 и се регистрирани како позитивни случаи во Националниот систем. Сертификатот може да се преземе кај матичниот лекар или со најава на страницата vakcinacija.mk.  Сертификатот е на македонски и англиски јазик, содржи податоци за лицето (име и презиме, ЕМБГ, ЕЗБО, датум на раѓање, пол) тип на тест, дата на тестирање, дата на позитивен резултат, Здравствена установа (лабораторија) каде е направено тестирањето, како и QR-код. Сертификатот е заверен со дигитален печат на Министерството за здравство.