Министерството за внатрешни работи денеска објави јавен оглас за прием на 600 извршители за работното место полицаец, согласно своите организациски потреби, како и согласно со одредбите од законите за внатрешни рабои и за полиција, и подзаконските акти.

За работната позиција полицаец се бараат 100 извршители во Сектор за внатрешни работи Скопје, по 50 во секторите за внатрешни работи во Струмица, Охрид, Битола и Куманово, а по 30 во секторите за внатрешни работи во Тетово, Велес и Штип. Во Регионалниот центар за гранични работи Север – 50 извршители, по 30 извршители во регионалните центри за гранични работи Запад и Југ, во Регионалниот центар за гранични работи Исток – 20 извршители. Во Одделот за заштита на определени личности и објекти – 30 извршители, во Единица за брзо распоредување – 30 извршители и во Единица за специјални задачи – 20 извршители. Огласот е објавен на следниот линк: https://mvr.gov.mk/vest/14125