Во насока на доследно и целосно почитување на уредбите на Владата на Република Северна Македонија, односно мерките и активностите за справување со пандемијата со коронавирус, Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека е ставен во функција бесплатниот телефонски број 0800-00-201 и меил адресата mvrinformaciiuslugi@moi.gov.mk, на кои граѓаните анонимно можат да пријават групирање и организирано прославување во текот на претстојните празници.