Мајката на Елизабета Ѓоргиевска, сопруга на претседателот Стево Пендаровски починала денес на Клиниката за пулмологија во Скопје.

Посмртно и бил земен брис за да се провери дали била заболена од коронавирусот, а резултатите се очекуваат во текот на утрешниот ден.

„Таа починала денес. Имала тешка општа здравствена состојба. Посмртно е земен брис, но генерално, досега немала наод за присуство на Ковид-19.

 

Резултатите ги очекуваме, штом ги добиеме, ќе информираме“, велат од кабинетот на Пендаровски.

Досега, посмртно, коронавирусот е потврден кај кумановчанка, која беше првата жртва на коронавирусот во државава.