Десетици килограми дрога се откриени во возило од Секторот за борба со организиран криминал во МВР при обид да влезе на територија на Црна Гора.

Возилото на МВР се обидело да внесе огромна количина на дрога во Црна Гора завчера но црногорските гранични служби го запреле возилото и спречило внес на дрогата.

Изворите на expres.mk во црногорската полиција тврдат дека во возилото се наоѓале високи службеници на МВР но не го откриваат нивниот идентитет ниту откриваат дали се тие уапсени или протерани.

Вредноста на дрогата фатена во возилото на МВР во Црна Гора на пазарот на мало е во висина од стотици илјади евра.

Возилото претходно ја минало албанската граница без никаков проблем но било фатено при влез во Црна Гора.