Полицијата го расчисти убиството на 67-годишната струмичанка, која претходно била силувана па задушена во својот дом. За убиството на жената осомничени се двајца малолетници. – Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за општ и насилен криминал и СВР Струмица го расчистија убиството на Д.М. (67) во Струмица и во врска со овој случај се приведени двајца малолетници. На 19.02.2021, по добиено оперативно сознание во СВР Струмица дека во куќа во Струмица се извршени кривични дела разбојништво и силување,  а врз основа на наредба од Основен суд Струмица, извршен е претрес во куќа на ул. „Балканска” во Струмица, каде е пронајдена мртва Д.М. (67) – велат од полицијата. Од МВР информираат дека е ивршена обдукција по наредба на јавен обвинител, при што е утврдено дека смртта настанaла по насилен пат, поради задушување. Поради основано сомнение дека извршиле убиство најпрво, во Гевгелија е лишен од слобода малолетник (13 години), а потоа во Струмица малолетник (14 години).