Поскапуваат бензините, а поевтинува дизелот од ноќеска на полноќ, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Цената на дизелот се намалува поради растот на цената на нафтата на светските берзи поради што се исполнија условите да се намали акцизата за два денари за литар согласно Уредбата со законска сила која Владата ја донесе во април. Тогаш го поскапи дизелот со зголемена акциза за три денари за да се полни буџетот, па еднаш се намали за еден денар, за да од ноќеска таа не се пресметува.

Според новиот ценовник малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за половина денар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,299 денари за килограм и сега ќе изнесува 38,018 денари.

Од 20.7.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 72,5 денари за литар.

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 74,5 денари за литар

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 61 денар за литар

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 63,5 денари за литар

Мазут М-1 НС 38,018 денари за килограм.