„Денес се сретнав со г-дин Рубријан Хаџиев, раководител и г-дин Георги Асенов, одговорен за проширување на продажбата мрежа на компанијата „Лидл“ во земјата. Разговаравме за интересот и за можностите за отворање продавница во Велес на „Лидл“, позната германска трговска компанија и една од најголемите компании за малопродажба во светот“, напиша Коцевски на Фејсбук.

„Лидл“ ќе вложи 300 милиони евра во Скопје. Првата инвестиција ќе биде во откупно-дистрибутивниот центар во Скопје. Ќе отвори и неколку маркети во Скопје и уште во седум други градови беше најавата пред скоро два месеци. Ланецот  ќе одбира и земјоделски и кондиторски производи кои ќе ги продава во своите маркети на другите пазари од регионот.