По големата заинтересираност на Македонците за посета на германскиот трговски синџир „Лидл“ во Врање во соседна Србија, од компанијата доаѓаат добри вести, дека се регистрира компанија и во нашата земја, а ќе биде управувана од нивната филијала од Бугарија. Според „Фактор“, оваа компанија за малопродажба во петокот ја регистрирала подружницата Лидл Cеверна Македонија Дооел со седиште во Центар, со паричен влог од 500.000 евра. Сопственик е германската матична компанија “ВЕ-Интернационал Цвајте ГмбХ од Некарзулм”.