Со видео од прослава на ФК Силекс од 8 Јуни,2008 година, фудбалерите на ФК Силекс се простија од Љубисав Иванов-Ѕинго. Денот кога се одигра бараж натрпеварот помеѓу екипите на кратовски Силекс и Беласица од Струмица за опстанок/влез во ПМФЛ. Екипата на Беласица беше до толку сигурна дека ке го добие натпреварот,што имаше организирано жива музика за славје после натпреварот. Но,не испадна така. Силекс го доби натпреварот со резултат 2-0 и истата таа музика,заедно со симпатизерите на Силекс се пресели пред седиштето на ТВ Сител каде што беше  и славјето почна.

Навистина е беспредметно воопшто да набројуваме со што сѐ,Љубисав Иванов-Ѕинго го задолжи македонскиот фудбал. Беше прв претседател на ФСМ (1993-1999),долгогодишен истакнат фудбалски работник,прв човек на ФК Силекс и почесен претседател на ФФМ. Ја сакаше својата земја,беше голем патриот. Неуморен беше заедно со најблиските соработници што побрзо нашиот сојуз да биде поплноправен член на УЕФА и ФИФА, а неговата решителност при одигрувањето на средбата Белгија-Македонија во Брисел во рамките на квалификациите за ЕП 1996 година беше само една добиена битка во нашата вечна војна да го потврдиме своето постоење. Имено, поради познатиот проблем со името , знамето и химната, претседателот Иванов во срцето на Европа, во Брисел им се закани на административците на УЕФА: „Без барем еден од националните белези, Македонија нема да игра со Белгија“. Наша должност е да продолжиме да чекориме по патот,кој тој го трасираше,да се грижиме за македонскиот фудбал. ПОЧИВАЈ ВО МИР ЅИНГО!, напишаа на нивната ФБ страница фудбалерите на ФК Силекс.