Левица, ЛО Велес организира јавна трибина со наслов: ЗА или ПРОТИВ целосна урбанизација на просторот околу езерото Младост?” На оваа јавна трибина свое излагање ќе имаат истакнати екологисти и архитекти од Македонија, како и од Велес, исто така сите присутни ќе можат да го искажат своето мислење и можност да постават прашање. Јавната трибина ќе се одржи во големата сала на општина Велес на 09.02.2022(среда) со почеток од 18:00ч. Настанот ќе се одвива според тековните протоколи за организација на настани по препораките на комисијата за заразни болести.