Baker taking out freshly baked bread from the oven of a bakery

Лебот, зејтинот и брашното тип 400 од денеска ќе се продаваат по набавна цена, додека за другите основни прехранбени производи се намалува маржата на 4 проценти во трговијата на голема и на три процени во трговијата на мало. Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки веќе е објавена во Службен весник и ќе важи до 31 мај. Од Министерството за економија информираат дека како времена мерка се забранува и извоз на зејтин, а постои можност тоа да се случи и со брашното, пченката и пченицата. Проценките се дека во периодот од 1 до 8 март од државава се извезени 330 тони зејтин.