Велешката полиција поднесе кривична пријава против Н.З.(64) од Велес, сопственик и управител на локал, поради сомнение за сторено кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. Како што информираат од МВР, на 24 декември минатата година полициски службеници извршиле контрола во објектот и констатирале дека не се почитуваат владините одлуки, односно објектот работел по дозволеното време и во него имало гости.