Кочо Анѓушев официјално се повлече од ФК Борец! На денешниот состанок на управниот одбор се потврдило заминување на главниот спонзор од клубот. Причината веќе е добро позната, а таа е незадоволството кај Анѓушев од работата на  општинскиот фудбалски сојуз и Фудбалската Федерација на Македонија. Сите фудбалери на Борец со оваквиот развој на ситацијата добиле слободни документи да си бараат нови клубови и тоа значи дека уште во овој преоден рок можат да си заминат бесплатно.