Ова за ММС го открија новите сопственици на клубот, кошаркарот Владимир Брчков и неговиот братучед, бизнисмен Марио Брчков, кои пред два месеца одлучија да му помогнат на прволигашот кој остана без сопственик по повлекувањето на Анѓушев.– Првичниот договор со Кочо Анѓушев беше да ги откупиме акциите со нула денари надомест, но потоа беше побарано да платиме одредена сума на пари со цел компанијата Брако да го задржи позитивниот баланс. Требаше да платиме 25.000 евра за акциите преку лицитација. Потоа излезе дека треба да платиме 33.000 евра без наддавање на берзата со директна трансакција. Тој рече дека ќе задржи 6.000 евра, а останатите 27.000 евра ќе ги врати на сметката на клубот како спонзорство. Но, пари се уште нема – изјавија за ММС, Владимир Брчков и Марио Брчков, двајцата сопственици на Борец.

Досега на сметката на ФК Борец нема легнато ниту денар од парите кои требало да ги врати бизнисменот, ниту од негова приватна сметка, ниту од сметките на некоја од неговите компании. А, Анѓушев наоѓал лични изговори за да ги избегне средбите со нив. Целата сторија прочитајте ја на www.mms.mk