На адреса на општината секојдневно пристигнуваат тужби од граѓани кои се каснати од кучиња и само за еден месец се поднесени 21 пријава до општината. Овие тужби се поткрепени со медицинска документација и пријава на настанот во СВР Велес како докази во судски постапки кои најчесто завршуваат со пресуди и плаќање на големи финансиски средства од општинскиот буџет. Градоначалникот Аце Коцевски отворено искажа сомнеж во веродостојноста на ваквите постапки бидејќи според него овие граѓани ги застапуваат речиси едни исти адвокати.

Почнувам да се сомневам дека ова станува вносен бизнис во Велес, да се биде адвокат и да се застапуваат граѓани кои се каснати од кучиња скитници, изјави Коцевски. Градоначалникот изрази и сомнеж и кон доктгорите кои ги евидентираат повредите настанати од каснувањата . Тој изјави дека при обезбедување на медицинската документација во случај од канување од куче се случува истовремено доктор од ЈЗУ општа болница Велес кој го прегледал лицето каснато од куче да се јавува и во својство на вешто лице што исто така остава простор за сомнеж. Според градоначалникот Коцевски никогаш не се докажува дека граѓанинот е вистински каснат и дека е каснат од куче скитник.

Општината секоја година издвојува големи финансиски средства за обештетување на случаите од каснување од куче скитник и оваквата пракса се повторува од година во година и сериозно го оптеретува буџетот на општината. Наместо за сериозни проекти од кои бенефит ќе имаат сите граѓани, овие пари завршуваат кај одредена категорија на граѓани кои злоупотребувајќи го законот ги добиваат овие парични средства.  Минатата недела градоначалникот Коцевски имал средба со претставници од Основниот суд во Велес, Министерството за внатрешни работи и пансонот ,,Гиовски,,  а тема било средствата кои се одлеваат од касата на општината поради каснување од кучиња. Тој информираше дека на таа средба се донесени повеќе заклучоци: Во најголем број на случаите граѓаните не кажуваат за каков вид на куче станува збор, ијавуваат само дека е куче скитник, бело црно, шарено, затоа што знаат дека само за каснување од куче скитник може да добијат обештетување затоа што ние како институција сме надлежни за нив, соопшти Коцевски. Никој не докажал дека е каснат од куче скитник освен со изјавите што ги даваат пред припадниците на МВР и во болницата. Кога граѓаните инсистираат пред институциите дека станува збор за куче скитник треба да биде нагласено во службената документација дека е тоа само изјава и тврдење на странката која не е поткрепена со докази без кои неможе да се интервенира. Нашето барање беше службениците од МВР да констатираат дека странката изјавила дека е касната од куче скитник, а не МВР да тврди дека се каснати од куче скитник затоа што мислењето на МВР е клучен доказ во водењето на судската постапка и судот да пресуди против општината.При пријава од граѓанин службено лице од МВР задолжително го контактира Пансионот ,,Гиовски,, за да излезат на терен и да го идентификуваат кучето, соопшти на денешната прес конференција градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.