На состанокот на штабот денеска не разговаравме за карантин на градот, но јас во последно време интензивно размислувам на таа тема и доколку овој тренд на заразени расте, ќе му предложам на министерот за здравство и на Комисијата за заразни болести да преземат соодветни мерки. Во овој бран на ковид-19 повеќето пациенти се со средно тешки и тешки симптоми. Притисокот врз велешката болница секојдневно се зголемува. Состојбата кај матичните лекари исто така е крајно алармантна, напливот на пациенти кај нив е огромен и примарното здравство е во опасност да крахира. Апелирам до граѓаните да се придржуваат на препораките и ако добијат симптоми слични на ковид-19, да постапат според препораките, воопшто да не одат кај матичен лекар, туку да се упатат таму каде е пропишано”, рече Коцевски.