Ширите лажни вести. Ретко кој од Оризари гради со одобрение за градба и ретко кој платил надоместок за уредување на градежно земјиште, од кој се финансира изградбата на инфраструктура – напиша градоначалникот на Велес, Аце Коцевски во коментар на ФБ. Тој понатаму објаснува: Парите што ги донирале, и многу повеќе од тоа требало да и ги платат на општината за надоместок за уредување на градежно земјиште пред да добијат одобренија за градба, за општината да има пари за градба. Ако не верувате проверете. Најлесно е да се фалите и напаѓате. Вистината е поинаква. И без тоа, Општина Велес секоја година најмногу инвестира во Оризари во споредба со другите села. Сега се гради атмосферска канализација под фудбалското игралиште, ќе се асфалтира и патот до Порцеланка, ќе се изгради нов плоштад средсело – пишува градоначалникот Коцевски.