Од кога се појави корона вирусот мутираше повеќе пати, а моментно најголема опасност е делта сојот на вирусот кој се карактеризира со висок степен на инфекција.

Од првото појавување на САРС-CoV-2 во кинескиот град Вухан во декември 2019 година, овој нов коронавирус досега мутирал безброј пати, но одделно се кристализирале дури 11 поопасни и заразни видови.

Заедно, тие досега убија вкупно повеќе од четири милиони луѓе ширум светот и заразија повеќе од 187 милиони.

На крајот на минатата недела, Европскиот центар за превенција и контрола на болести објави список на сите овие видови, меѓу кои пет „поставија аларми“ затоа што се наведени како загрижувачки категории. Меѓу нив се алфа, бета, гама и делта соеви, за кои се смета дека се многу пати позаразни или смртоносни од основниот, „вухан вид“ и се доминантни кај заразените.

Во втората категорија се оние соеви кои се тестирани и чија преносливост, сериозност и влијание врз колективниот имунитет се донекаде познати, но испитувањата не се доволни. Овие таканаречени варијанти на интерес се ета, епсилон, тета и капа соеви со нивните мутации. Во третата категорија на значајни мутанти на корона, според Европскиот центар за превенција и контрола на болести, има варијанти кои се под надзор на имунолозите и здравствените власти. Меѓу нив е и вирусот ламба, кој веќе стана познат соеви нареќени лотос и зет.

Епидемиологот д-р Радмило Петровиќ оцени за српски Курир дека овие 11 споменати мутанти не се последни односно ќе се појавуваат и нови.

– Сè уште ќе има појава на мутанти и сега не можеме со сигурност да знаеме дали ќе бидат позаразни и поостри. Сега е важно да се внимава на овие најтешки, особено на индискиот вид, или делта – предупредува д-р Петровиќ за Курир.

Вели дека соевите се различни но дека таа разлика се гледа единствено во лабораторија. Најистакнат досега е делта, кој е најзаразен односно многу брзо се шири и е најопасен.