Десетина сексуални работнички кои својата таканаречена „тезга“ ја држат во реонот околу зградата на Македонската радио и телевизија, ноќната работа ја премостиле, па сега работат само преку ден. Причина за ваква новонастаната состојба, како што тврдат дел од жените е малиот број на клиенти во вечерните часови од кога во земјава се рашири коронавирусот. Откако се рашири коронавирусот, се намали бројот на муштерии навечер. Почнаа мажите да не доаѓаат како што било поодамна. Се случувало во една вечер да има пет до шест муштерии, па меѓу девојките да има расправија која ќе го услужи. Токму малиот број на клиенти доведе прво некој девојки, а потоа сите да ги намалиме цените на услугите. Пред короната, сексуалната услуга чинеше од 900 до 1.000 денари. Денеска цената е преполовена. Многу од муштериите немаат кондоми, па мораме ние да купуваме, да имаме за да им дадеме. Кога од заработеното ќе се одземат и купените кондоми, тогаш есапот вели дека работиме за 400 денари. Срам не срам, и ние работиме за корка леб и мора да работиме преку ден инаку ќе гладуваме – вели 37-годишната Сузана, сексуална работничка од Скопје. – целата сторија на www.slobodenpecat.mk