Во Општата болница Велес вкупно се хоспитализирани 11 пациенти. Од нив шест се потврдени позитивни на Ковид-19 и се на Инфективното одделене. Од нив двајца се од Велес, двајца од Неготино и по еден од Св.Николе и Лозово. Останатите пет пациенти се сместени на Б кракот од Интерното одделение од кои тројца се суспектни на корона инфекција и двајца со негативен тест но задржани на понатамошно лекување.