Короната денес зема уште еден млад живот. Починат е 43 годишен велешанец на скопските клиники. Младиот велешанец предходно бил хоспитализиран на Инфективното одделение во Општата болница Велес каде состојбата му се влошила по што бил префрлен на клиниките во Скопје. Велешанецот не бил вакциниран.  Во Велес во моментов има 361 лице позитивни на Ковид-19, а само вчера беа регистрирани 41 нов случај.