Дел од децата хоспитализирани во болницата во Козле имаат потреба од кислородна поддршка поради намалената сатурација, информираше денеска директорот Бесник Зекири
Вкупно 64 ученици и 88 наставници кои следат настава со физичко присуство се позитивни на Kовид заклучно со податоците до 15 март од Министерството за образование и наука
Во последните две недели Kовид-19 брзо се шири и меѓу најмладата популација во земјава, односно кај децата до девет години. Ова го покажуваат  анализите од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), кој еднаш неделно ги споделува за состојбата со Kовид-19 во земјава. Во анализата на ИЈЗ за периодот од 1 до 7 март бројот на деца до девет години потврдени со Ковид-19 се зголемил за дури 104, а за периодот од 8 до 15 март за истата возрасна група бројот се зголемил за 116, односно за две недели вкупно се регистрирани нови 220 деца позитивни на вирусот.