Денес дезинфекција во Иванковци и населба Керамидна

124

Комуналните служби при ЈКП „Дервен” во текот на денешниот ден извршија миење и дезинфекција на улиците во населба Керамидна, продолжија со активностите за дезинфицирање на просторите пред и во влезовите на станбените згради, извршија чистење и дезинфицирање на одводниот канал, како и миење и дезинфекција на улиците во село Иванковци.

Општина Велес продолжува со секојдневните активности за миење и дезинфекција на на улиците, јавните површини и урбаната опрема, како и на влезовите во зградите.

Општина Велес упатива апел до сите граѓани да се придржуваат до препораките за заштита од коронавирус.