Европската тинк тенк асоцијација Euro elects го објави своето најново истражување во пресрет на парламентарните избори во земјава. Според оваа асоцијација која своите истражувања ги вршела во периодот од 30.05.2020 до 05.06.2020 на примерок од 111 испитаници најголема доверба меѓу граѓаните ужива СДСМ и БЕСА за која би гласале 40% од испитаниците. Коалицијата на ВМРО – ДПМНЕ има поддршка од 32% додека Алијанса на албанците и Алернатива имаат поддршка од 12% колку што има и ДУИ
Според Euro elect партиите Левица и ДПА имаат поддршка од 1%. Да се потсетиме дека Euro Elect излезе со свои предвидувања и во 2018 гoдина во пресрет на референдумското изјаснување на граѓаните на Македонија. Резултатите од нивните истражувања беа дека 80% од граѓаните би го поддржале промената на името на земјата за влез во НАТО и отпочнување на преговори со ЕУ, наспроти 20% кои, според нивното истражување би гласале против.  Со оглед на тоа дека промашувањето од цели 46% проценти (референдумот одржан нa 30 октомври 2018 го поддржаа недоволни 36.9%) во истражувањето на оваа асоцијација е доволна причина за дополнителна внимателност со анкетите.