Колку го почитуваме сопственото државно знаме, колку знамиња беа истакнати по повод Денот на незавизноста … прашања кои не си ги поставија ни оние што треба.

Зад нас е Денот на независноста. Помина уште една полутирада и дилема славиме или одбележуваме!? Но за тоа во друга прилика.
Овој пат, врз основа на согледаното, ќе говориме на тема – Кој и колку го почитуваше Законот за употреба на државното знаме кој, патем речено, јасно кажува на кои институции за време на државен празник треба да стои истакнат симболот на државноста. Нашата прошетка низ Велес на денот на независноста покажа едно исклучително непочитување на сопственото државно обележје. Имено освен пред ЕЛС и зградата на судот и уште две три институции речиси и да не забележавме државен симбол. Државното знаме го немаше во излозите на трговските и угостителските објекти, на јавни површини на плоштадите, на голем број државни институции и така натаму.
Жално но вистинито! И после сето ова со право се поставува прашањето – Што реагираме на западна Македонија кога ние во центарот на државава не го почитуваме  сопствениот симбол. Или за на уста многу знаеме, а на дело ништо. Нели се срамиме, нели мислиме дека сме дно кога е во прашање почитување на сопственото, та нели сме патриоти ….. или тоа само на хартија.
Како и да е помина уште еден празник без почитување на светото-македонското државно знаме, бруката се памети, а таа не е мала! Се поставува прашањето – Каде се казните за непочитувачите на Закпнот? Кој ќе казнува ваква неодговорност? Или ќе продолжиме со онаа старата – Кучињата лаат караванот си врви!
Срамно и неодговорно! Ние (за сега) толку. Вие како сакате.