Преовладува мислење дека есента и пролетта се најповолно време за садење на декоративни растенија  и цвеќиња. И тоа не е неточно, но сепак добро упатените знаат дека безмалку сите растенија кои добро се закоренети и одгледани во саксија може да се садат и пресадуваат во лето.

koi-cvekinja-i-rastenija-se-sadat-vo-leto-2-03.jpg

Летото е исто така поволен период за размножување, ожилување на  гранчиња од повеќе видови кои можат вегетативно да се размножуваат. Сепак постојат некои растенија кои е препораќливо да се садат во лето. Како на пример лаванда, розмарин, жалфија, оригано, босилек и многу други кои сакаат сонце, на кои само треба да им се одбере сончева најмногу до полу сенковита отворена, проветрена позиција, и секако редовно полевање откако ќе се насадат.

koi-cvekinja-i-rastenija-se-sadat-vo-leto-2-02.jpg

Летото е одличен период секоја градина да добие дополнителна убавина и грандиозност а тоа лесно може да се добие на пример со Хортензијата.

Грмушка која го оплеменува просторот, внесува колорит и убавина во вашата градина.