Покрај Инфективното одделение кое од самиот почеток на пандемијата е ставено во функција на Ковид пациентите, потоа Б-кракот на Интерното одделение и Модуларната болница која пред неколку недели беше ставена во функција од утре и Физикалното одделение се претвора во Ковид центар во велешката Општа болница. Ова поради се поголемиот наплив на пациенти на кои им е потребна хоспитализација поради корона инфекцијата и компликациите кои им ги прави вирусот. Во моментов во велешкката болница има вкупно 99 пациенти, најмногу од почетокот на пандемијата. Инфективното одделение е во целост потполнето и нема слободни места. Таму се сместени 54 пациенти. Во Модуларната болница се сместени 40 пациенти и 5 се на Б-кракот од Интерното одделение. Состојбата е алармантна бидејќи пациентите се со потешка клиничка слика и се поголем е бројот на млади пациенти. Во болницата во Велес има уште многу малку места, а недостасува и медицински персонал кој во голем број е отсутен и изнемоштен. Од овие причини за да може секој на кого му е потребна хоспитализација и соодветно лекување Физикалното одделение се отвара со нови 25 места кои за жал лекарите кои ја смедат проблематиката очекуваат брзо да бидат пополнети.