Недела 23.05.2021 се одржа прво коло од куп натпреварите во Србија во кајак спуст за млади пионери,пионери и кадети во Чачак од отворен карактер.
На овој натпревар под водство на Љубомир Спасиќ како тренер учество земаа 4 натпреварувачи во кадети и 1 во млади пионери.
Во млади пионери како второпласиран заврши Александар Стојановски со заостанување од 0.45стотинки позади првопласираниот.
Додека во кадети најдобро пласиран од кадетите на Арка-Борец е Кристијан Лазаров кој заврши како трето пласиран со заостанување од 0.98стотинки позади прво пласираниот следен како петопласиран заврши Леон Крстев со заостанување од 4.51 позади првопласираниот додека како осмо и девето пласирани завршија Христијан Гочевски и Алајдин Маликовски.