По трите изборни натпревари во кајак спринт и класик на дива вода (каде што се одржаа на Вардар во Скопје и Велес) тројца кајакари на ККК „Арка-Борец’ од Велес се пласираа во репрезентативниот состав. Истите репрезентативци и членови на Арка-Борец ќе настапат во Завидовичи, БиХ на 21 март и во Чачак, Србија, на 4 април. Тоа се Љубомир Спасиќ кој забележа пет први пласмани, потоа Александар Златаров со три втори пласмани и Енис Небиовски кој забележа две втори и четири трети места. Тројцата кајакаритреба да настапат за Македонија на Европското и на Светското првенство (Шпанија и Словачка), како и натпераврите во рамките на Европксиот куп.  За одбележување се и постигнувањата на младиот, 15-годишен Кристијан Лазаров, член на ККК.Арка-Борец Велес на натпреварите во сениорска конкуренција.