Готвите ручек за кој сфаќате дека е пресолен или презачинет? Фрлањето во канта не е решение. Еве пет едноставни начини како „да го спасите“ пресолениот ручек.

Додајте вода

Еден од наједноставните и најлесните начини е во чорбите, супите или сосовите да додадете вода и да продолжете го времето на готвење.

Додајте капки киселина

Сокот од лимон или оцетот ќе ви бидат од полза за да го неутрализирате пресолениот вкус на јадењето. Само внимавајте да не претерате, па храната да биде прекисела.

Маринирање со вода

Доколку сте го пресолиле месото кое треба да го печете, оставете го да отстои во вода неколку часа. На тој начин солта или пикантните зачини „ќе бидат извлечени“ од водата.

Скроб

Додавањето на скробни намирници значи дека ќе го засладите пресолениот вкус. Додајте цел компир кој ќе ја апсорбира солта од храната.

Кремаст додаток

Со додавање на кремастите намирници може да се промени вкусот на јадењето. Павлаката е одлична за таа намена.